Што сака Украина да постигне со мировните преговори во Саудиска Арабија

Од:

Украина на денешните мировни преговори ќе предложи прекин на огнот што ќе ги опфати Црното Море и ракетни напади со долг дострел, изјавија двајца високи украински функционери, пренесе Скај њуз.

Според нив, предлогот наводно вклучува размена на затвореници.

Официјалните лица, кои сакаа да останат анонимни, изјавија за Асошиетед прес дека украинската делегација е исто така подготвена да го потпише договорот за минерали со Соединетите држави за време на разговорите.

Во објава на Телеграм, Андриј Јермак, шеф на украинскиот претседателски кабинет, рече дека Киев денеска ќе ги „заштити украинските интереси“ со „јасна визија како да се стави крај на војната“.

Киев, исто така, се очекува да ги поттикне САД да продолжат со воената помош и размената на разузнавачки информации, откако Вашингтон ги прекина и двете минатата недела.

Американскиот државен секретар Марко Рубио посочи дека двата аспекта на украинската поддршка би можеле да продолжат доколку Киев се заложи за мировниот процес. Рубио рече дека суспензијата на помошта настанала затоа што сметаат дека „Украинците не се посветени на преговорите за ставање крај на војната“.

Тој рече дека ако тоа се промени, веројатно ќе се промени и американската политика. „Се надевам дека ќе имаме навистина добар состанок и ќе бидеме во поинаква позиција“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Трамп сака свој океан, но „Гугл“ го одби барањето

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

Трамп ги укина санкциите и царините кон Русија

Портпаролката на Трамп призна дека паднала на правосудниот испит