Клучен состанок САД-Украина во Саудиска Арабија

Од:

Соединетите Држави денеска ќе се сретнат со украинска делегација во Саудиска Арабија за да утврдат дали Украина е подготвена да направи материјални отстапки на Русија за да ја прекине војната, соопштија две официјални лица.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да учествува на денешните мировни преговори меѓу украинските и американските претставници во Саудиска Арабија, но разговараше со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман за време на вчерашната посета на земјата.

Зеленски го опиша разговорот како „добар“ и изрази благодарност до саудискиот престолонаследник за неговиот „мудар поглед на глобалните настани и поддршката за Украина“.

„Особено е важно да се слушнат зборовите на доверба во иднината на Украина пред да ја напуштам Саудиска Арабија“, додаде украинскиот претседател.

Владата на Бин Салман одигра посредничка улога меѓу Украина и Русија, а Зеленски ја истакна важноста на Саудиска Арабија во мировните напори:

„Саудиска Арабија обезбедува клучна платформа за дипломатија и ние го цениме тоа.

Во пресрет на преговорите во Џеда, вчера со Бин Салман се сретна и американскиот државен секретар Марко Рубио.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Руски напад на Запорожје, најмалку двајца мртви и 40 повредени

Катерина Ѓуровски

Медведев: Русија не само што има право, туку во различни ситуации е и должна да употреби нуклеарно оружје

Катерина Ѓуровски

Хегсет ја блокира испораката на ракети „Патриот“ за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Естонија ги затвора границите со Русија, гужви на премините

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп најави план за пошироко примирје во Украина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Запален руски брод отплови во фински води, подигнати борбени авиони: „Војната се прелева во нашето соседство“

Катерина Ѓуровски