Хегсет ја блокира испораката на ракети „Патриот“ за Украина

Од:

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет сè уште не одобрил испраќање пратка од шеесетина пресретнувачки ракети за системот „Патриот“, иако Вашингтон претходно се согласил со испораката. Информацијата во вторникот ја објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на повеќе извори запознаени со ситуацијата.

Украина во повеќе наврати истакна дека итно ѝ се потребни дополнителни ракети за одбрана од сè поинтензивните руски напади, пренесува „Ројтерс“.

Според пишувањето на весникот, станува збор за американски ракети од типот PAC-3 и постарата варијанта PAC-2. Дел од залихите се наоѓаат во европски арсенали, а нивното купување го финансираат западните сојузници на Киев.

Неиспорачаната пратка вклучува пресретнувачи PAC-3, чија испорака беше планирана во периодот од септември до декември, но нивниот транспорт сè уште не е одобрен. На одобрение чекаат и дваесетина пресретнувачи PAC-2, кои исто така се наменети за Украина.

„Фајненшл тајмс“ објави и дека во Пентагон е запрен посебен процес со кој требаше да ѝ се одобри на Украина самостојно производство на пресретнувачи за системот „Патриот“.

Портпарол на Пентагон изјави за весникот дека американската политика за поддршка на Украина не е променета, но одби да коментира детали за испораките на оружје.

Сепак, еден функционер на Пентагон даде изјава за „Фајненшл тајмс“.

„Министерството за одбрана покрена неколку паралелни иницијативи со европските партнери и Украина за забрзување на трансатлантската индустриска соработка во областа на системите за противвоздушна и противракетна одбрана „Патриот“. Овие активности продолжуваат“, изјави функционерот.

САД минатиот месец одобрија продажба на 500 ракети „Патриот“ PAC-3 за Украина, во договор вреден околу 2,1 милијарда долари. Сепак, испораките на овие ракети не се очекуваат пред почетокот на 2030-тите години.

Би можело да ве интересира

Медведев: Русија не само што има право, туку во различни ситуации е и должна да употреби нуклеарно оружје

ВИДЕО: Естонија ги затвора границите со Русија, гужви на премините

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп најави план за пошироко примирје во Украина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Запален руски брод отплови во фински води, подигнати борбени авиони: „Војната се прелева во нашето соседство“

Катерина Ѓуровски

Зеленски му се закани на Путин: Кримскиот мост нема да опстане

Погодени холандската и австриската амбасада во Киев: Руски напад оштети дипломатски објекти