ВИДЕО: Запалена шведската амбасада во Багдад

Од:

Шведската амбасада во Багдад беше запалена рано утринава за време на демонстрации организирани од приврзаниците на верскиот лидер Моктада Садр.

Шведското министерство за надворешни работи соопшти дека персоналот на амбасадата е безбеден.

„Свесни сме за ситуацијата. Нашиот персонал во амбасадата е безбеден и министерството е во редовен контакт со нив“, соопшти шведското министерство.

Во Багдад неколку камиони за цивилна одбрана се на терен за да го изгаснат пожарот.

Упадот во амбасадата во Багдад уследи откако шведската полиција одобри за денеска собир во Стокхолм. Организатор е Салван Момика, ирачки бегалец во Шведска, кој планира да запали копија од Куранот и ирачкото знаме пред ирачката амбасада.

Ирачкото министерство за надворешни работи го осуди палењето на шведската амбасада во Багдад рано утринава, повикувајќи ги безбедносните сили да отворат „итна истрага“.

„Ирачката влада им нареди на надлежните безбедносни служби да спроведат итна истрага и да ги преземат сите неопходни мерки за расветлување на околностите на инцидентот и откривање на сторителите со цел да се изведат пред лицето на правдата“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“