(ВИДЕО) Во Зоолошката градина во Сан Диего се роди бебе црн носорог

Од:

Во Сан Диего владее голема радост – Зоолошката градина во овој калифорниски град неодамна доби нов штитеник, слатко, но и многу ретко – бебе црн носорог, што претставува посебен настан, со оглед што ова животно е под закана на целосно истребување.

Малиот носорог е роден на 12 јули и веќе стана ѕвезда во Зоолошката градина, како и на Интернет каде може да се види снимка како трчка под будното мајчино око.

Раѓањето на носорогот, кој се уште нема име, е многу значајно затоа што бројот на неговите роднини кои живеат на слобода секоја година е се помал. Носорозите се жртви на масовен криволов заради наводните лековити својства на неговите рогови.

Според податоците на Светската организација за заштита на природата (WWF) во Јужна Африка каде живеат 75 отсто од пет илјади носорози во светот, бројот на убиени животни е зголемен за три отсто во последните пет години.

– Криволовот е главна причина поради која на носорозите им се заканува истребување. Затоа ова раѓање е многу важно, наведе на својот блог Џули Андерсон, една од вработените во Зоолошката градина во Сан Диего, јави „Хафингтон пост“.

Малиот носорог, не мора да се грижи, неговите рогови кои се уште не се излезени, ќе можат безбедно да растат.

Еден килограм рогови на црниот пазар ја надминува цената од 50.000 евра. За споредба, еден килограм злато, денес чини околу 31.000 евра.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он