(ВИДЕО) Во експлозија на бензинска пумпа во Ирска, три лица загинаа, преживеаните се бараат во урнатините

Од:

Три лица загинаа во експлозија на бензинска пумпа во Донегал, Ирска, а спасувачите моментално трагаат по луѓе меѓу урнатините на зградите. Во потрагата се вклучени и кучиња. Експлозијата се случи вчера нешто по 15 часот во петокот на бензинската пумпа „Еплгрин“ на периферијата на Крислау.

На фотографиите од местото на експлозијата се гледаат бројни оштетени автомобили и станбен блок кој изгледа уништен, како и дворот околу него, пишува Sky News.

Ирскиот премиер Мајкл Мартин рече дека ова се „најтемните денови“ за Донегал и Ирска.

„Моите мисли и молитви денес се со оние кои ги загубија животите и оние кои беа повредени во разорната експлозија во Крислау. Сакам да изразам најдлабоко сочувство до нивното семејство, пријателите и целата заедница на Крислау, во овие најтемни денови за Донегал и целата земја. Луѓето ширум Ирска се шокирани од оваа трагична загуба на животи. Би сакал да им се заблагодарам на сите служби за итни случаи, од целиот Северозапад и Северна Ирска, кои реагираа толку брзо на местото на настанот и кои работат во текот на ноќта во крајно трауматични околности“, рече Мартин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

Се запали цистерна во близина на бензиска пумпа на автопатот Велес-Градско – Пожарникарите спречиле да експлодира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Почина жената која беше повредена во експлозијата во Параќин