Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Од:

Ирската полиција верува дека разбила меѓународна логистичка операција на шверц на дрога, чии членови се обиделе да фрлат речиси во море кокаин, вреден една милијарда евра, јавуваат локалните медиуми.

Уапсени се 10 осомничени, меѓу кои има мажи на возраст од средината на 20-тите до средината на 50-тите години, поточно – шест државјани на Шпанија, двајца од Холандија, од кои еден се смета дека е по потекло од Иран или дека е на некој начин поврзан со гореспоменатата држава, и двајца државјани на Србија.

Познато е дека еден од уапсените мажи од Холандија има врски со нарко бандите во Европа.

Најмалку еден е познат на меѓународната полиција и безбедносните сили за вмешаност во меѓународна трговија со дрога. Полицијата во Ирска пронашла и неколку мокри одела и опрема за нуркање.

Со оглед на инвестицијата потребна за обемот на оваа копнена логистичка операција, високи извори на полицијата веруваат дека бандата се обидела да истовари помеѓу 1,5 и два тони 90 отсто чист кокаин – со проценета улична вредност до една милијарда евра.

Би можело да ве интересира

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Англија ја совлада Ирска

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер од Тетово