Запленета пратка од 1,7 тони кокаин вреден над 50 милиони долари

Од:

Властите во Колумбија заплениле пратка од 1,7 тони кокаин која била скриена во контејнери со авокадо.

Дрогата била откриена при рутинска проверка на пристаништето Санта Марта.

Дрогата, чија улична вредност во САД е околу 50,8 милиони долари, била наменета за Сетубал, пристаниште кое се наоѓа јужно од португалскиот главен град Лисабон.

Портпаролот на полицијата изјави дека дрогата веројатно припаѓа на кланот Глуф, еден од најмоќните нарко картели во земјата.

Нејзиниот поранешен лидер, Дарио „Отониел“ Усуга, беше уапсен во октомври 2021 година и екстрадиран во САД во мај 2022 година.

Во јануари 2023 година, тој се изјасни за виновен пред федералниот судија во Њујорк за шверц на 110 тони кокаин и беше казнет со 216 милиони долари. Тој во август минатата година беше осуден на 45 години затвор.

Полицијата во Колумбија соопшти дека од почетокот на годината запленила 80 тони кокаин.

Јужноамериканската нација е најголемиот производител на кокаин, а нејзината влада се соочува со постојан притисок од САД да го ограничи нејзиното производство.

Според Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, посевите на кока во Колумбија опфаќале 568.000 хектари во 2022 година, последната година за која се достапни податоци, што е за 13 отсто повеќе од 2021 година.

Би можело да ве интересира

Со кражба на идентитет испрале десет милиони евра од кокаин

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра

Дилер од Битола двапати му продал дрога на дете

Горан Наумовски

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Уапсена е Аура Јазмин Кастро Руиз позната во криминалниот свет под псевдонимот „Кума“

Горан Наумовски