ВИДЕО: Велика Британија го слави раѓањето на идниот крал

Од:

Службеното соопштение на Бакингамската палата за раѓањето на кралското бебе, синот на војводата и војвотката од Кембриџ принцот Вилијам и Кетрин Мидлтон, предизвика воодушевување во британската јавност.

Веста за породувањето на војвотката беше поздравено со аплауз од насобраните луѓе и од бројните репортери, собрани пред гинеколошкиот оддел на болницата Сент Мери во лондонскиот кварт Падингтон, како и со овации и бурно одобрување на луѓето кои дојдени од сите страни на Велика Британија, ја очекуваа радосната вест пред Бакингамската палата.

Според кралската традиција, веста за раѓањето на бебето, идниот британски крал, во форма на официјален билтен и потпишана од лекарите кои го извршија породувањето, беше поставена на посебен сталак на влезот на кралската палата во центарот на Лондон.

Кралицата Елизабета, нејзиниот сопруг принцот Филип, престолонаследникот Чарлс, неговата сопруга војвотката од Корнвол, Камила Паркер, принцот Хари и членовите на двете семејства, во заедничка изјава изразуваат големо задоволство од раѓањето на синот на принцот Вилијам и Кетрин Мидлтон.

Во посебна изјава, принцот Чарлс, таткото на Вилијам и свекор на Кетрин, вели дека е „безгранично горд и среќен како дедо“.

Британскиот премиер Дејвид Камерон во изјавата пред влезот во својата службена резиденција, во Даунинг стрит 10, порача дека „гордата Велика Британија“ го прославува раѓањето на идниот британски крал.

– Ова е значаен момент во животот на нашата држава но над се, ова е извонреден момент на среќа и радост за брачниот пар Вилијам и Кетрин, рече премиерот Камерон.

Честитки до младите родители на идниот крал испратија и првите министри на Шкотска и на Велс, како и надбискупот од Кантербери.

Првите честитки од странство пристигнаа од американскиот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел, како и од канадскиот премиер Стивен Харпер.

Сите лондонски споменици и објекти кои се симбол на британскиот главен град, ноќеска беа посебно осветлени со боите на британското знаме, прославувајки го раѓањето на бебето кое ќе биде крал.

Вакви моменти во историјата на земјата, кога се раѓа бебе во кралското семејство кое е во директна линија со престолот, во поново време се случуваат на околу 30 години.

Сегашниот престолонаследник, принцот Чарлс е роден во 1948 година, неговиот син и иден крал, принцот Вилијам во 1982 година, а штотуку роденото бебе, предодредено да го наследи еден од најстарите престоли во светот, во 2013 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он