ВИДЕО: Ураганот Харви го погоди Тексас, властите стравуваат од катастрофални поплави

Од:

Ураганот Харви го погоди Тексас, носејќи силни ветришта и дожд, а според властите се очекуваат поплави од катастрофални рамки.

Харви ја зафати обалата на Тексас како бура од четврта категорија, што е најјака бура во последните десет години, а ураганот бил проследен со ветрови со брзина од 209 километри на час.

Десетици илјади луѓе ја напуштија областа каде што беше најавен ураганот. Најпогоден беше градот Рокпорт, кој што директно беше погоден, но се уште нема информации за штета, повредени или жртви.

Метеролозите предвидуваат дека невремето во наредните денови бавно ќе се движи низ Тексас и Луизијана со големи количества на дожд.

Претседателот на САД, Доналд Трамп на барање на гувернерот на Тексас, Греб Абот одобри прогласување на „зона на елементарна катастрофа“.

На патот на ураганот Харви се наоѓаат околу шест милиони луѓе но и бројни нафтени наоѓалишта и рафинерии. Поради невремето цените на горивата пораснаа додека американската Агенција за еколошка заштита укина одредени регулативе за да се намали недостатокот на гориво.

Би можело да ве интересира

Силно торнадо носеше се пред себе: Објавена застрашувачка снимка

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти