(ВИДЕО) Трамп: Иран може да уништи град, Лос Анџелес или Сан Диего би биле мала цена

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната со Иран е „речиси завршена“, но во говор во Небраска сугерираше дека уништувањето на американски град како Лос Анџелес или Сан Диего би било „мала цена“ за светската безбедност.

Трамп во понеделникот им се обрати на своите поддржувачи на предизборен митинг во Гранд Ајленд, Небраска, каде што се појави заедно со гувернерот Пит Рикетс.

„Инаку, ние го разбиваме Иран, тоа го знаете, нели?“, рече Трамп, по што зборуваше за можноста од напади врз американски градови.

„Тоа е мала цена за безбедноста на светот. Можат да уништат еден град. Нека го уништат Лос Анџелес или Сан Диего. Тоа е многу мала цена“, изјави Трамп.

Тој додаде дека конфликтот е пред завршување.

„Всушност, речиси е готово. Секогаш велат дека имаат висок праг на болка, но верувајте ми, ќе им треба. Ќе заврши многу брзо, на овој или оној начин“, рече американскиот претседател.

Трамп на собирот најави и дека цените на горивата наскоро значително ќе паднат.

„Ќе заврши многу брзо и цените драстично ќе паднат. Можеби ќе кажете: ‘Ве молам, господине, паѓаат премногу брзо’. Ќе видите“, рече тој.

Митингот е дел од неговата предизборна турнеја пред изборите закажани за 3 ноември.

Би можело да ве интересира

Пезешкијан пристигна во Москва, утре ќе се сретне со Путин

А1он

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

„Дејли експрес“: Медведев му порача на Трамп да нареди ликвидација на Зеленски

Трамп се изјасни: Кратко и јасно