Во пресрет на натпревар на Африканскиот куп на нации во Камерун се случи трагичен настан во кој загинаа голем број навивачи.
Пред стадионот „Пол Бија“ се случи стампедо во кое животот го загубија најмалку седум лица, јавуваат странските медиуми.
Bousculade au stade Olembe.
? pic.twitter.com/ybARNI6bT2— Joseph Mac Opare ?? ?? (@jmopare) January 24, 2022
Снимките кои се шират на интернет покажуваат луѓе кои се обидуваат да им помогнат на настраданите, а многумина дополнително се повредени во стампедото.
За жал, во невидениот инцидент во кој загинаа неколку луѓе, има и повредени деца. Локалните власти соопштија дека околу 50.000 луѓе се обиделе да присуствуваат на натпреварот.
И покрај инцидентот, натпреварот меѓу Камерун и Коморските Острови се одигра и заврши со победа на домаќините од 2:1.