ВИДЕО: Торнадо мина низ Унгарија

Од:

Заради исклучително нестабилното време се почесто во Европа почна да се појавуваат торнада, а последното беше забележено во Унгарија, од кое две лица се повредени.

Како што пришува Index.hr, над средна Европа веќе со денови атмосферата е исклучително нестабилна и се формираат силни невремиња со грмотевици. Кај исклучително развиените вертикални облаци, кумулоинбуси, понекогаш се појавува пијавицата, односно торнадо.

Торнада и пијавици последните денови се појавија и во Италија и Хрватска, а во неделата попладне, во текот на посилното невреме во Унгарија е забележен силен торнадо, пренесува хрватскиот портал.

Торнадото се појавило во околината на градот Орбен, на крајниот североисток на Унгарија.

Според информациите на унгарските медиуми, торнадото предизвикало значителна материјална штета, а засега се знае дека две лица се повредени. Истиот ден во истото подрачје паѓал и град со големина на јајце.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон