ВИДЕО: Стравична снимка од потонатиот брод Коста Конкордија

Од:

Дури две години по стравичната несреќа на луксузниот брод, нуркачите на италијанската полиција се спуштија во морската длабочина до остатоците на Коста Конкордија.

На снимката се гледаат скали, продавници, ходници, облека и обувки, местата каде живото го изгубија 32 патници.

Се планира трупот на бродот наскоро да се турне во поголема длабочина, за што следува акција во која со 30 огромни боци со кислород прво бродот ќе биде кренат кон површината.

Околу целиот брод ќе биде поставена мрежа за да се избегне остатоците од него да се шират во морето.

Италијанската влада веќе даде дозвола за преместување на трупот на бродот кон пристаништето во Џенова.

Овој пат, долг 241 километар ќе трае пет дена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ