Рајан, петгодишно дете од Мароко, во вторникот падна во бунар длабок 32 метри, а спасувачите со денови копаат дупка паралелна со бунарот за да го извлечат. Тие очајнички се обидуваат да стигнат до момчето и веќе се до последната фаза од операцијата.
Тие работеа цела ноќ за да стигнат до момчето. Комплексната операција трае со денови, а на местото на настанот се собраа илјадници луѓе. Стравот од лизгање на земјиштето ја направи спасувачката операција уште поопасна.
Според последните информации, на спасувачите им остануваат уште помалку од два метри да стигнат до детето – копаат со раце од страв да не се урне.
„Оваа фаза е најважна и најсложена“, рече Абделхади Темрани, еден од спасувачите.
Latest update about #Rayan
Few meters are left, and it will be dug by hand
The rescue team is facing frequent soil collapse, which prolongs the rescuing process. #SaveRayan pic.twitter.com/eLJ3a1dHm6
— Isxaaq Moallim. (@HIsxaaq) February 5, 2022
„Речиси сме таму. Работиме без престан со денови и заморот е тука, но целиот спасувачки тим се држи“, додаде Абдесалам Макуди, еден од водачите на операцијата.