(ВИДЕО) Снимки од експлозијата на Кримскиот мост

Од:

Резервоар со гориво рано утринава се запалил на Кримскиот мост, објави руската државна новинска агенција РИА, додека украинските медиуми јавија за експлозијата, а снимките објавени на Твитер покажуваат дека гори товарен воз.

На Твитер кружат снимки за кои се тврди дека се од моментот на експлозијата. Сообраќајот е прекинат на патниот и железничкиот мост, кој беше отворен во 2018 година за да го поврзе Крим со руската транспортна мрежа.

„Сводовите не се оштетени“, јави РИА, повикувајќи се на претставник на провинцијата, но не ја прецизираше причината.

Ројтерс објави извештаи од украинските медиуми кои тврдат дека на мостот се случила експлозија околу 6 часот наутро, а на снимката објавена на Твитер се гледаат бројни вагони со гориво запалени на железничкиот дел од мостот, додека патниот дел од мостот е тешко оштетен.

Би можело да ве интересира

Контрамерка на Путин: Дозволи користење на американскиот имот како обештетување за Русија

ВИДЕО: Русија почна вежби со тактичко нуклеарно оружје

ВИДЕО: Војната во Украина е во брутална фаза

Катерина Ѓуровски

Русите зазедоа уште едно село во Луганската област

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски