Судот во Јоханесбург му одреди затворска казна од 1.535 години на серискиот силувач Алберт Мораке (35), бидејќи е прогласен за виновен за силување на 29 жени.
Мораке пред судот се изјаснил дека не е виновен и покрај тоа што против него има дури 175 обвиненија, од кои 30 силувања, 41 киднапирање, 24 кражби, три обиди за грабежи и еден обид за убиство.
-По изрекување на пресудата тој беше толку арогантен што дури рече дека им „помогнал на жртвите кои ги силувал да се заштитат во иднина“ – изјави државниот обвинител.
Е. Г.