ВИДЕО: Се урна повеќекатница во Мајами, се трага по луѓе под урнатините

Од:

Најмалку две лица се пренесени во болница откако 12-катна зграда делумно се урна синоќа во Мајами.

Не е познато колку луѓе имало во зградата, но локалните медиуми јавуваат дека под урнатините се слушале повици за помош.

Снимките од местото на настанот покажуваат улица полна со остатоци од урнатини и делумно урната повеќекатница.

Во тек е акција за спасување, очевидци велат дека луѓе се извлекуваат и преку терасите.

На местото на несреќата дошле 80 противпожарни екипи.

Според првите информации, оваа зграда е изградена во 1981 година и има 130 станови.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Скандал на аеродромот во Мајами: Вработените крадат од патниците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Гол маж ги нападна посетителите на теретана во Мајами, го исфрлија надвор, но тогаш почна нов хаос

(ВИДЕО) Експлозија во Мајами: Две лица загинаа, тројца тешко повредени

Уште еден напад на ајкула во Мајами

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Хеликоптер се урна меѓу луѓе на популарната плажа во Мајами

Ана Ололовска