Уште еден напад на ајкула во Мајами

Од:

Ова е втор напад на ајкула за една недела во округот Волуша, а четврти од почетокот на годината.

Маж од Мајами бил каснат од ајкула додека сурфал на плажа во Њу Смирна Бич, Флорида, во неделата попладне, соопштија властите.

Ова е втор напад на ајкула за една недела во округот Волуша, а четврти од почетокот на годината. Сите се забележани во градот New Smyrna Beach. Нападот се случил во неделата околу 13:15 часот, потврдија властите.

Според извештаите, жителот на Мајами, кој има околу 30-ти години, сурфал во вода до половината кога го каснала ајкула долга речиси два метри.

„Сурферот рече дека мислел дека ајкулата се храни со риба мамка кога го каснала“, велат властите.

На лице место му била укажана помош од каснување на левото стапало, а потоа сам се упатил во болница. Жител на Дејтона Бич е третата жртва на напад на ајкула во округот Валуша.

Првата жртва беше маж (28) кој сурфал на плажата Њу Смирна кога паднал од даската и го каснала ајкула. Повредите биле полесни, а на лице место му била укажана помош. Еден пријател потоа го однел во болница, соопштија тогаш властите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во Црна Гора забележана е ајкула: кружеше околу брод

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Скандал на аеродромот во Мајами: Вработените крадат од патниците

Катерина Ѓуровски

Близначки пронајдени мртви во кутија за играчки на Флорида: Се задушиле објаснува мајката

(ВИДЕО) Драматични снимки од Флорида, се е под вода: „Ситуацијата е крајно опасна“

Ајкула нападна жена на плажата Рокавеј во Њујорк: Тешко повредена

(ВИДЕО) Ајкула напаѓа чамец: Осум пати се залетува кон пловилото и удира во моторот