Педесет и едногодишниот Рајнер Шимпф, режисер на емисијата „Dive Expert Tours” од Јужна Африка, со својот тим на нуркачи се спуштил источно од Кејптаун за да го документира бегањето на сардините од непријателот.
Но, сè тргнало наопаку, Шимпф буквално бил всмукан во устата на китот пред зачудените погледи на неговите пријатели, според италијанскиот „Ил Матино“.
Но, пред тоа, тие се поделиле на две групи и документирале природен настан во кој пингвините, фоките, делфините, китовите и ајкулите се здружиле за да фатат големо количество риба.
Тимот бил 25 наутички милји оддалечен од брегот кога морето одеднаш почнало да се „движи“ и – Шимпф во еден момент бил проголтан. По неверојатниот инцидент, среќниот нуркач рече дека се обидувал да снимии ајкула во тие моменти кога целото опкружување одеднаш се затемнило, а потоа сфатил и почувствувал како голем кит го дофатил неговото тело.
From Hell and Back as Rainer Schimpf, 51, himself trapped in the jaws of a whale pic.twitter.com/h9TSFuIWO0
— stan isaac mugi (@stan_mugi) March 8, 2019
„Во таква ситуација нема време за плашење, мора да ги користите сите свои инстинкти. Го задржав мојот здив мислејќи дека ќе се нурне и дека ќе ме пушти многу подлабоко во океанот, а внатре во неговата уста беше темно и мрачно.“
"Rainer Schimpf, 51, who found himself inside the whale's mouth before being spat out, said it was pitch black inside, revealing he had to rely on his instinct…" That's a #whale of a story~! #whales https://t.co/IM4n9DIx6d pic.twitter.com/W8TlfGHpOu
— Pauline Park (@paulinepark) March 9, 2019
Додека бил во устата на китот, неговиот колега и фотограф Хајнц Топерцер ја држел камерата насочена кон Шимпф и ужаснато гледал што се случува. Откако китот го исплукал, тој успеал да се врати неповреден на својот брод.