(ВИДЕО) Првиот говор на новата премиерка Лиз Трас: Борис го заврши Брегзит и му се спротивстави на Путин

Од:

Чест ми е што сум избрана за лидер на партијата, изјави Лиз Трас, новата британска премиерка. Во првиот говор Трас се заблагодари на противникот Риши Сунак, но и на Борис Џонсон, чие место го заменува.

„Оваа кампања ја водев како конзервативец и ќе владеам како конзервативец. Пријатели, треба да покажеме што ќе испорачаме во следните две години. Ќе испорачам храбар план за намалување на даноците и развој на нашата економија. Ќе се занимавам со енергетската криза, сметките за енергија, но и со долгорочните прашања што ги имаме во однос на снабдувањето со енергија“, рече Трас.

Таа додаде дека ќе се погрижи „да и донесе голема победа на Конзервативната партија на изборите во 2024 година“.

„На мојот пријател Борис Џонсон“

Во своето прво обраќање, новата британска премиерка му се заблагодари на премиерот во заминување Борис Џонсон.

„Борис, го заврши Брегзит. Му се спротивстави на Владимир Путин. Му се восхитуваа од Киев до Карлајл“, рече Трас, која накратко беше прекината со аплауз.

Утре назначувањето на Трас во замокот Балморал во Шкотска

Потсетуваме, таа е избрана за нов премиер на Велика Британија, соопштија денеска од Конзервативната партија.

Промената на чело на конзервативците доаѓа откако Џонсон поднесе оставка на 7 јули, а претходно повеќе од 50 министри и други членови на неговата влада поднесоа оставки.

Џонсон со месеци беше на удар на критиките од опозицијата, но и од претставниците на сопствената партија поради начинот на кој земјата се бореше против пандемијата на корона вирусот, зголемувањето на трошоците за живот, а особено поради снимки кои протекоа во јавноста, а кои беа снимени на приватни забави во Даунинг стрит додека беше на сила карантинот.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Поранешна британска премиерка додека била на функција потрошила илјадници фунти на кетеринг

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче