ВИДЕО: Протест во Будимпешта поради отстранувањето на универзитетот на Сорос

Од:

Илјадници студенти излегоа денеска на улиците на Будимпешта за да побараат заштита на академските слободи и промена на владините мерки поради кои универзитетот основан од страна на американскиот милијардер, Џорџ Сорос, треба да биде дислоциран од Унгарија.

Élőben – A CEU-ért, a tudomány és az oktatás szabadságáért tüntetnek

Élőben – A CEU-ért, a tudomány és az oktatás szabadságáért tüntetnek

Posted by Index.hu on Сабота, 24 ноември 2018

Централно-европскиот универзитет (ЦЕУ) најави дека ќе се пресели во Виена доколку унгарскиот премиер Виктор Орбан до 1. декември не обезбеди правна рамка за продолжување на работата на оваа институција во Унгарија.

ЦЕУ речиси три децении нуди американски факултетски програми за илјадници студенти од поранешните социјалистички земји од Источна Европа.

Демонстрантите се собраа пред историските градби на брегот на Дунав и порачаа дека мора да се одбрани академската средина која ја симболизира ЦЕУ, а која ја слави слободата на говорот и отворената дебата.

На демонстрациите беа присутни и студенти од други факултети во земјата.

ЦЕУ планира да ги префрли своите студии во Виена по долгата борба со владата на Орбан, која доведе до законски измени за кои многумина сметаат дека се дизајнирани токму на штета на ЦЕУ.

Конзервативната унгарска влада долго време го обвинува Сорос, роден во Унгарија во еврејско семејство, дека сака да ја уништи европската цивилизација со прифаќање на стотици илјади мигранти на континентот. Сорос пак тврди дека неговата поддршка за мигрантите е дел од хуманитарните мисии во кој е вклучен.

Многу е веројатно дека на крајот неговиот универзитет сепак ќе биде преселен, бидејќи Владата на Орбан не покажува никакви знаци на попустливост.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон