ВИДЕО: Прекршиш ли полициски час во Индија, завршуваш во возило на итна помош со „заразен“ од коронавирус

Од:

Јавноста веќе можеше да види како полицијата во Индија употребува мотики за да ги тепа граѓаните кои не се придржуваат до пропишаните мерки за време на пандемијата од коронавирусот. Но, очигледно тоа не беше доволно.

Затоа, во еден дел од оваа држава полицијата презеде поинакви методи. Методи на заплашување. Кога ќе биде фатен некој како го прекршува полицискиот час, полицијата го става во амбулантно возило во кое има пациент заболен коронавирус. Лажен пациент. Но, тоа прекршувачите на полицискиот час не го знаат.

Еден таков случај полицијата објави и на нивниот официјален канал на „Јутјуб“.

Полицајците застануваат тројца граѓани кои се возат на моторцикл за време на полицискиот час и ниту еден од нив не носи маска.

„Зошто тројцата сте на моторцикл? Зошто немате маски? Дали знаете што може да се случи ако не ги носите“, прашуваат полицајците.

Одговорот кој го добиваат не е задоволувачки, па тие со сила ги ставаат во автомобил на Брза помош, каде што се наоѓа (лажен) пациент заболен од Ковид-19.

Мажите упорно се обидуваат да побегнат, а едниот од нив и се трга и си го покрива лицето, затоа што „пациентот“ почнува да кашла.

Уште поголема паника настанува кога „пациентот“ станува. Тогаш сите тројца буквално се обидуваат да излезат низ прозорецот од возилото на итната помош, истовремено молејќи го пациентот да се држи подалеку од нив. Тропаат по вратата и ги молат полицајците да ги пуштат.

„Луѓето не разбираат колку е вирусот застрашувачки, затоа што не можат да го видат. А тој може да биде било каде. Поради тоа Владата одреди карантин и полициски час“, изјавил полицискиот припадник.

Полицијата уште еднаш потврдила дека „пациентот“ е само глумец и дека прекршувачите на полицискиот час не биле загрозени, но уште еднаш ја истакнаа важноста од носењето маски и почитување на сите препораки од државата.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка