ВИДЕО: Пратеничка се онесвести на говорница за време на вонредната седница поради ситуацијата со Курц

Од:

Вонредната седница на австрискиот Парламент која беше свикана поради кризата на Владата која настана поради истрагата која е покрената против Себастијан Курц, помина бурно.

Пратеничката од опозициската Социјалдемократска партија на Австрија, Ева Марија Холцлајтнер падна во несвест за време на својот говор.

Веднаш во помош и дотрчаа колегите пратеници, а како што подоцна беше соопштено, таа не се повредила при падот.

Друга бурна ситуација на седницата беше фрлањето на обвиненија на под. Лидерката на НЕОС, Беате Мајнл Рајзнингер, по својот говор, му предаде на новиот канцелар Алексадар Шаленберг документ за обвинението против поранешниот канцелар Себастијан Курц.

Шаленберг тој документ го фрли на под.

Опозицијата на тоа бурно реагираше, а Шаленберг порача дека немал намера да покаже непочитување на независноста на правосудството, како што тоа некои го протолкуваа.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче