ВИДЕО: Половина килограм дрога пронајдена во стомак на 11-годишно девојче

Од:

Полицијата во градот Кали во Колумбија ја приведе најмладата „мула“ која се обидела да прокриумчари половина килограм дрога во Европа.

Станува збор за единаесетгодишно девојче, на кое со операција од стомакот и се извадени повеќе од 100 капсули дрога, пренесе „Франс прес“.

-Извршена е операција со која се извадени 104 капсули и тие во овој момент се анализираат, за да се утврди видот на дрогата – изјави командирот на полицијата Ховер Паниља, кој додаде дека сите знаци укажуваат дека возрасни лица имаат врска со овој ужасен чин.

Според наводите мајката изјавила дека ќерка и викендот била кај нејзиниот татко, бидејќи парот не живеел заедно и дека во тек на ноќта и се слошило.

Инаку според податоците на ОН, Колумбија покрај Перу е еден од водечките извозници на кокаин во свет.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Претседател на колумбиски второлигаш e убиен по поразот на неговиот клуб

Горан Наумовски