ВИДЕО: Полициска бруталност – го врзале за комбето и го влечеле

Од:

Еден ден откако бил врзан за полициско комбе и влечен 700 метри по улиците на градот, 27-годишен таксист е пронајден мртов во затворска ќелија во Јоханесбург.

Властите отворија истрага за случајот, а според првичните информации причина за бруталното и смртоносно однесување на полицијата од Јужна Африка е што паркирал на место за кое немал паркинг карта.

„Го истражуваме случајот на смртта на човекот за кој се тврди дека е виновна полицијата. Околностите на неговата смрт се уште се само обвинувања. Шокирани сме од снимката“ изјави Мосес Диамини, од полицискиот оддел за внатрешна контрола, за Франс Прес.

По инцидентот човекот бил однесен во затвор, каде исто така бил претепан неколку пати. Неговото мртво тело го пронашол затворскиот чувар, еден ден по инцидентот.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски

„Фејсбук силувачот“ кој ја лажираше сопствената смрт фатен во Танзанија