(ВИДЕО) Полицијата на три европски земји бара помош за идентификација на 22 жени

Од:

Интерпол денеска апелираше до јавноста да помогне во идентификувањето на телата на 22 жени убиени во Германија, Холандија и Белгија во период од неколку децении и чии идентитети никогаш не биле утврдени.

Интерпол сака да ги реши оние „заборавени случаи“ на убиства на жени кои се случиле пред 10, 20, 30, па дури и 40 години во започната операција наречена „Идентификувајте ме“.

Станува збор за ладни случаи“ кои не се решени три или повеќе години, пренесува Sky news.

Целосната листа на убиени жени е објавена на веб-страницата на Интерпол, а ги вклучува сите достапни детали за жените, фотографии од некои од предметите пронајдени со телата како накит, облека или тетоважи.

Холандската форензичка детективка Карина Ван Лувен вели дека наоѓањето одговори во вакви случаи е многу важно.

„Ако немаш име, немаш приказна. Тогаш си само број. И никој не е само број“, рече таа, додавајќи дека се чини дека сите починати жени пронајдени во Холандија била жртва на криминал, додека неидентификуваните мажи починале од разни други причини.

Најстариот случај датира од октомври 1976 година кога на паркинг покрај автопат во Холандија беше пронајдено тело на непозната жена, а последниот е од август 2019 година, а се работи за жена чие тело беше пронајдено во градски парк во Белгија.

Националната полиција не ги идентификуваше жртвите и поради фактот што овие жени не потекнуваат од земјите каде што се убиени.

За секоја од 22-те жртви, објавени се фотографии направени со помош на технологија за реконструкција на лицето и информации за тоа кога биле пронајдени телата, заедно со лични предмети пронајдени кај жртвите.

„Ако се сеќавате на пријател, член на семејството или колега кој ненадејно исчезнал, ве молиме погледнете добро и контактирајте ја националната полиција преку формуларот доколку имате какви било информации за исчезнатите“, се вели на веб-страницата на Интерпол.

Случаите не се поврзани, но имаат „меѓународен контекст“, велат властите.

Би можело да ве интересира

Преку лажни профили на МВР и Интерпол се нуди помош за измамени во “Конти“, предупредува полицијата

Катерина Ѓуровски

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on

Албански државјанин уапсен во Македонија, го барал Интерпол Париз

МВР трага по две лица

Интерпол активираше жолта потерница за Данка Илиќ

Катерина Ѓуровски

МВР уапси бегалец баран од Интерпол