ВИДЕО: Побрзо да седне на преговарачка маса, порака од Трамп за Украина

Од:

Пред трилатералните преговори во Женева, американскиот претседател Доналд Трамп ѝ порача на Украина дека „подобро е брзо да седне на преговарачката маса“. Трамп го кажа ова на новинарите во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, пишува Украинска правда.

Коментирајќи ги трилатералните разговори што се одржуваат на 17 и 18 февруари во Женева, Трамп рече: „Нè очекуваат големи преговори. Треба да бидат многу лесни“.

„Подобро е Украина брзо да седне на преговарачката маса. Тоа е сè што можам да кажам“, заклучи тој.

Да ве потсетиме дека украинската делегација пристигна во Женева синоќа. Пред оваа рунда преговори, руската страна направи промени во својот тим, па делегацијата сега ќе ја предводи Владимир Медински, помошник на рускиот претседател Владимир Путин. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека овие промени нема да ги забават преговорите со САД и Русија за евентуален крај на војната.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Виткоф му рече на Путин дека е хуманитарец

Рускиот дизел утре тргнува за Америка

ВИДЕО: „Време е да се каже отворено, Доналд е виновен за цените на горивата“

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

ВИДЕО: Руски дрон се заби директно во зграда во Киев, има жртви и повредени

Катерина Ѓуровски

Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден да не беше еден многу глупав руски генерал