ВИДЕО: Писториус се расплакал во судницата

Од:

Јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус останува во притвор, а против него процесот ќе биде продолжен следниот вторник, одлучи Кривичниот суд во Преторија.

Писториус се појави денеска во судот за да се соочи со обвинението – убиство на својата девојка, манекенката Рива Стенкамп. Тој во судницата влезе потполно растроен, а додека му било читано обвинението прснал во плач.

Иако се уште нема официјални детали за истрагата, медиумите пишуваат дека Рива е убиена низ вратата на тоалетот и тоа со четири куршуми.

Полицијата соопшти дека и претходно имало инциденти во куќата на Писториус.

„Се однесуваме кон него како кон било кој друг. Тие ќе бара кауција, ние ќе се спротивставивме, а како аргумент ќе наведеме дека сем разговарале со соседите кои слушнале нешто и претходно за време на вечерта“, рече портпаролката на полицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски

„Фејсбук силувачот“ кој ја лажираше сопствената смрт фатен во Танзанија