Петгодишното момче три дена е заробено во бунар длабок 32 метри на северот на Мароко, а спасувачите очајнички се обидуваат да го спасат, пренесуваат светските медиуми.
Момчето е од мало село во близина на градот Шефшауен на северот на Мароко. Тој има повреда на главата. Спасувачите прикачиле камера на јажето за да ја следат неговата состојба и да се уверат дека е безбедно.
الله يرده بالسلامة، عم تابع بث مباشر لمحاولة انقاذ الطفل ريان في #المغرب ، الله يخلصه ويرجعه لحضن اهله بخير وسلامه، قولوا امين ? #أنقذوا_ريان pic.twitter.com/meuwQGOF9c
— Elie Merheb | ايلي مرعب (@_ElieMerheb) February 3, 2022
Досегашните обиди да се спаси се неуспешни. Добрата вест е дека спасувачите успеале да му достават кислород и вода.
Во обид да го спасат, спасувачите копаат покрај бунарот. Дијаметарот на бунарот се стеснува до дното, од 45 сантиметри на врвот, што ги спречува спасувачите сами да се симнат за да го земат малото дете. Надежите се дека спасувачите во следните неколку часа ќе успеат да дојдат до детето.