ВИДЕО: Пет загинати, 40 исчезнати во експлозијата на воз во Канада

Од:

Билансот на загинати во несреќата откако товарен воз без машиновозач тргнал од неутврдени причини и потоа излетал од шини и експлодира во местото Лак-Мегантик во Канада е пет, додека 40 луѓе се водат како исчезнати.

Несреќата се случи во раните утрински часови во саботата и во неа се уништени десетина куќи во центарот на малото место Лак Мегантик.

– Пронајдени се уште две тела со што билансот изнесува пет жртви. Освен тоа, 40 луѓе се водат како исчезнато, изјави Мајкл Брунет претставник од полицијата.

Потпретседателот на компанијата Мејн енд Атлантик рејлвеј, од Монтреал Џозеф Мекгонигл изјави дека товарниот воз кој излета од шини бил паркиран и машиновозачот не бил во него.

– Не сме сигурни што се случи, но машиновозачот работел по прописи. Го запрел возот и излегол да се одмори, изјави Мекгонгл.

Неколку вагони со нафта експлодирале. Во пожарот кој потоа избил во центарот на малиот град, 250 км. источно од Монтреал, уништени се 30 куќи и евакуирани илјада луѓе.

Градоначалничката Колет Рој-Ларош изјави дека не знае како жителите на градот ќе ја надминат несреќата во која е уништен речиси целито центар на градот. Спроед локални медиуми, експлодирале четири од 73 вагони.

Би можело да ве интересира

Автомобил излетал од тркачка патека и влетал во публика: Има мртви, меѓу нив и дете

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Несреќа во Турција: Туристи паднаа од кабина на жичарница, има и мртви

А1он

Загина чешки турист додека фотографирал огромни бранови на Канарските острови

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Во САД: Камион на FedEx се преврте преку мост, петмина се повредени