Во САД: Камион на FedEx се преврте преку мост, петмина се повредени

Од:

Камион на FedEx се преврте преку мост во Питсфорд, Њујорк, при што беа повредени пет лица, меѓу кои и едно дете.

Инцидентот се случил околу 8.30 часот, изјави шефот на противпожарната станица Хенриета, Марк Чолах.

Од полицијата велат дека при несреќата камионот од страна удрил во друго возило.

– Првите лица кои реагирале на местото на настанот го нашле возачот на FedEx свесен, на страната на патот и надвор од камионот, рече Чолах.

Во второто возило повредени се четири лица, меѓу кои и едно дете.

Сите петмина биле пренесени во болница во Рочестер со, како што изгледа, полесни повреди. Чолах наведува дека во моментот на несреќата камионот FedEx бил празен и поради тоа жртвите се здобиле со полесни повреди.

„Да беше полн, целиот камион ќе паднеше од мостот. Прашање е дали возачот ќе преживее во тој случај“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија