Загина чешки турист додека фотографирал огромни бранови на Канарските острови

Од:

Турист од Чешка загина откако паднал во морето додека фотографирал огромни бранови за време на бура на канарскиот остров Тенерифе, соопштија вчера властите, пренесе Асошиетед прес.

Во соопштението на локалната власт на Канарските острови се наведува дека 53-годишен маж починал во средата попладне во градот Пуерто де ла Круз. Спасувачките служби го извлекле мажот од морето, но тој набргу починал.

Властите предупредија на можни поплави во крајбрежните области поради бурните мориња околу островот во Атлантикот, популарна дестинација за одмор за многу Европејци. Владата ги повика луѓето да преземат мерки на претпазливост во областите на брановите и да избегнуваат спортови на вода и патување по крајбрежните патишта.

Официјални лица на Тенерифе објавија дека луѓето од околу 60 куќи биле евакуирани во средата, додавајќи дека брановите достигнале и до пет метри во неколку области.

Четири лица од различни земји починаа минатиот месец откако паднаа во морето за време на лошото време во Шпанија.

Би можело да ве интересира

Деветнаесетгодишно момче починало од струен удар

Несреќа во близина на Крагуевац, тинејџер паднал во подрум и починал

Во Нови Сад нуркачи го извлекле телото на млад човек од Кина кој загинал на градилиште

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Повредена жена пронајдена на автопат кај Демир Капија

(ВИДЕО) Несреќа во Белград: Товарен брод удрил во чамец, се трага по две лица

Горан Наумовски