Постојат луѓе кои што преживеале неверојатни несреќи, како пад од 47 кат, враќање во живот иако клинички биле прогласени за мртви или останале живи, иако биле повредени со неколку куршуми. Ова се седум неверојатни случаи.
Фабрис Муамба
Љубителите на фудбалот сигурно се сеќаваат на случајот Фабрис Муамба. Овој играч, кој настапуваше за Болтон, се онесвести на натпреварот со Тотенхем. Тој не дишеше дури 78 минути, но сепак преживеа и успеа целосно да се опорави.
Иако фудбалската кариера за него беше завршена, лекарите неговото закрепнување го нарекоа чудо, бидејќи тој всушност бил мртов 78 минути.
Катрин Бурџс
Оваа девојка преживеала стравотна сообраќајна несреќа во 2009 година, во кој ги скршила вратот, нозете, ребрата и карлицата. Лекарите тогаш и рекле дека повеќе нема да може да се движи. Но се случило чудо, бидејќи таа целосно се опоравила и денес е фото-модел.
Алсид Морено
Морено, чија што задача била чистење на прозорци во Њујорк, паднал од 47 кат. Тој со својот брат Едгар чистел прозорци на еден солитер, кога нивната платформа се урнала. Едгар починал, но Алсид за чудо преживеал пад од повеќе од 150 метри височина. Тој се здобил со тешки повреди и бил во кома, но успеал целосно да се опорави.
Лорена Бели
Американката Лорена Бали речиси се „вратила од оној свет“. Имено таа доживеала силен срцев удар, поради што лекарите ја прогласиле за почината. Сепак се случило чудо, односно 45 минути по смртта, нејзиното семејство забележало дека повторно започнала да дише. Бидејќи се уште била во болница, веднаш ја преместиле на интензивна нега, а неколку месеци подоцна целосно закрепнала.
Пол Темлер
Овој поранешен припадник на британската војска преживеал напад од нилски коњ во реката Замбези. Животното го нападнало Темлер и успело да го касне неколку пати по целото тело. Пензионираниот војник успеале да го спасат од животното и да го пренесат во болница. По операцијата која што траела седум часа, сепак преживеал, но лекарите морале да му ја ампутираат раката.
Петер Скилберг
Скилберг поминал дури два месеци затрупан во снег, во својот автомобил, кога надворешните температури се движеле до минус 30 степени. Тој јадел снег и храна која што ја носел во автомобилот, па верува дека успеал да преживее бидејќи бил во состојба на хибернација.
Вензеслао Могел
Мексиканскиот револуционер успеал да преживее извршување на смртна казна. Тој во 1915 година бил изведен пред стрелачки вод и добил осум куршуми, од кои еден завршил во неговата глава. Стрелањето на Могел оставило видливи последици, но сепак тој успеал да преживее.
Е. Г.