Вооружен напаѓач уби 19 деца и двајца наставници во основно училиште во Увалде, Јужен Тексас, објави гувернерот Грег Абот, пренесоа АФП и Ројтерс. Напаѓачот „уби, на суров и луд начин, 19 ученици и наставници“, изјави Грег Абот.
Осомничениот, 18-годишниот Салвадор Рамос, исто така беше убиен, веројатно во пукање од полицијата, во трагедијата во основното училиште Роб, 130 километри од градот Сан Антонио.
„Тој излегол од возилото. Имал пиштол и најверојатно пушка. Живеел во Увалде, Тексас. Го убиле полицајци кои дошле на местото на настанот“, рекол гувернерот. Пред нападот на училиштето ја убил и својата баба.
На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа моментот кога напаѓачот влегол во основното училиште, пред да почне да убива невини жртви.