(ВИДЕО) Научници предупредуваат: Цунами ќе го потопи целиот Медитеран

Од:

Сеизмолозите врз основа на докази пронајдени во уништеното пристаниште на Крит, открија дека Медитеранското крајбрежје, периодично го зафаќаат мега земјотреси и цунами, а сепак ниту една држава на ова крајбрежје не е подготвена за вакви катастрофи.

Со оглед на тоа што природата знае да биде страшна и периодично потсетува на нејзината голема разорна сила, научниците се обидуваат да заклучат кои места на планетава се загрозени, со цел да се спречат катастрофи и да се спасат голем број животи.

Учесниците во емисијата „Идното мегацунами“ на „Национал георграфик“ заклучија дека две цунами ги изненадија научниците и дека е потребно да се набљудуваат случувањата од далечното минато.

Површината на Земјата се состои од тектонски плочи, кои се помераат и преклопуваат. Кога плочите се движат една преку друга без пречки, тогаш нема опсаност, но сепак на некои места на преклопување во зоните на субдукција доаѓа до напор кој со времето се зголемува.

На тие места се создаваат зони во кои доаѓа до зголемување на еластична енергија. Кога напонот ќе ја урне пречката, насобранта еластична енергија предизвикува мегаземјотрес, кој создава џиновски смртоносни бранови, цунами кои уништуваат се пред себе.

Според научниците зоните на субдукција се наоѓаат насекаде по површината на Земјата.

Постои доказ дека едно историско пристаниште на северниот брег на Крит во минатото во потполност го уништило цунами. Наносите на земјиште докажуваат дека Медитеранското крајбрежје периодично го зафаќаат мегаземјотреси и цунами.

– Едно е сигурно дека мегаземјотресот ќе се повтори, но не знаеме кога- вели една научничка од Грција која се занимава со проучување на цунами и се обидува да предвиди кога тие ќе се случат.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи