ВИДЕО: Насилство и крв, полицијата уби 36 рудари

Од:

Во судирите на полицијата со рударите во јужноафричкиот рудник, убиени се 36 лица.

Рударите штрајкуваат поради малите плати. Министерот за полиција Нати Мтетва, рече дека насилството избило вчера, кога рудари, вооружени со пиштоли и мечеви, им се приближија на полицајците кои поставуваа бодликава жица околу рудникот за платина.

Спрема неговите зборови има и многу тешко ранети, и се стравува дека бројот на убиените може да е и многу поголем.

Некои рудари велат дека се подготвени и да умрат доколку не им се зголемат платите.

Компанијата „Лонмин“, во чија сопственост е рудникот, изјави дека штрајкот е нелегален, и дека оние кои нема да се вратат на работа до утре, ќе добија откази.

Изминатите денови уште девет лица загинаа, а беа убиени и двајца полицајци.

Ова е трет рудник за платина, по големина во светот.

Би можело да ве интересира

Фармери ја убиле Марија и уште една жена, со нивните тела ги нахраниле свињите: Случајот ја шокираше Јужна Африка

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски