ВИДЕО: Напалм бомба фрлена во училиште во Сирија

Од:

Британската телевизија Би-Би-Си прикажа снимка на која се гледаат последици од експлозија на нешто што наликува на напалм бомба во едно училиште во северниот дел на Сирија, при што наводно загинале десет деца, а многумина се здобиле со тешки изгореници.

Очевидци изјавиле дека еден воен авион повеќе пати прелетувал над нивните глави, како да бара мета, а потоа ја исфрлил бомбата.

На снимката се гледаат возрасни луѓе и деца, на кои облеката им е изгорена и им се дава медицинска помош. Повеќето од повредените имаат изгореници на над 50 отсто по телата, се наведува во телевизискиот прилог.

Поголемиот број од повредените, покрај тешките изгореници, неконтролирано се треселе и биле прекриени со некаква бела супстанца, а повредите укажуваат дека бомбата содржела нешто кое наликувало на напалм или пиротехничка смеса, наведува Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град