ВИДЕО: Напаѓачите во Виена пукале во луѓе во барови што ги користеле последните часови пред карантинот

Од:

Во вечерашните напади во Виена официјално е потврдено дека загинал најмалку еден цивил и еден од напаѓачите.

Снимка на која се гледа како наводните напаѓачи во Виена, кои вечерва отворија оган врз минувачи и гости на барови, стојат на улица голи до појасот и изгледа како да се предаваат, се појави на социјалните мрежи. Полицијата се уште не ја потврди нејзината веродостојност и не соопшти точни податоци за тоа колкумина од терористите се уапсени и во какви околности.

На социјалните мрежи се шират и снимки од ранети луѓе на местата на нападите, а од полицијата апелираат до граѓаните да не ги објавуваат снимките, туку да им ги праќаат на властите за да им помогнат во борбата против терористите.

Во меѓувреме, рабинот Шломо Хофмајстер, кој бил сведок на пукањето, изјави за АП дека видел како еден човек отвора оган кон кафеаните под неговиот стан, кои биле полни со луѓе што ги користеле последните часови пред карантинот во австрискиот главен град, воведен поради ситуацијата со коронавирусот.

„Испукаа најмалку 100 куршуми само пред нашата зграда,“ раскажува Хофмајстер. „Сите тие барови имаа маси надвор. Вечерва беше последна пред карантинот“.

Напаѓачите се и натаму на улиците и активни, алармира виенската полиција, уште еднаш повикувајќи ги граѓаните да останат во своите домови.

Портпаролот на Здружението на болници во Виена, Кристоф Миро за агенцијата АПА изјави дека тројца повредени, по нападот во центарот на градот, биле пренесени на клиниките управувани од оваа институција.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц го нарече чинот „одвратен терористички напад“ и најави дека војската ќе преземе дел од надлежностите на полицијата, за таа да може да се фокусира на борбата против терористите.

Пораки на поддршка за Австрија пристигнуваат од европскиот политички врв. Францускиот претседател Емануел Макрон во твит на германски јазик изрази сочувство и поддршка за австриските власти.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Откажани летовите Скопје – Виена поради штрајкот во „Аустријан ерлајнс“

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Спасувачите во Москва затекнале ужас: Сите познати детали од терористичкиот напад

А1он

ВИДЕО: Терористички напад во Москва, има мртви и ранети

Предраг Петровиќ