Спасувачите во Москва затекнале ужас: Сите познати детали од терористичкиот напад

Од:

Според последните информации од Москва, бројот на загинати во терористичкиот напад надмина 80. Повредени се најмалку 115 лица од кои околу 60 се во исклучително тешка и животозагрозувачка состојба.

Во терористичкиот напад загинале и три деца.

Група од пет терористи изврши напад во московската концертна сала Крокус, во северозападниот дел од градот. Напаѓачите влегле од страничните влезови и веднаш отвориле оган врз публиката која го чекала концертот на групата „Пикник“.

По крвавиот напад, подметнале пожар и заминале со истиот автомобил со кој дошле. Пожарот се раширил низ целиот објект, а хеликоптерите испуштиле 160 тони вода за да можат да го локализираат пожарот, кој се уште не е целосно изгаснат.

Напаѓачите пукале со калашникови и ловечки пушки, а преживеаните сведоци велат дека виделе и канистри со бензин.

Според каналот на Телеграм SHOT, спасителите кои пристигнале на местото на настанот затекнале вистински ужас. Тела на мртви биле пронајдени во тоалетите и помошните простории на салата. Најмалку 10 тела биле пронајдени без прострелни рани, кои починале поради гушење од чадот.

Одговорност за овој напад презеде Исламската држава, но засега нема официјална потврда за оваа информација.

Сочувство до Русија упатија и властите од САД и Франција, но и од најмалку 50 држави низ светот.

Би можело да ве интересира

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

(ВИДЕО) Терористички напад во Израел, еден мртов, неколкумина се ранети

Горан Наумовски

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

Првата руска вакцина против рак, почнаа клинички испитувања

Предраг Петровиќ