ВИДЕО: Над 400 луѓе повредени во судир на две метроа во Јоханесбург

Од:

Повеќе од 400 луѓе се повредени во вчерашниот судир на две метроа во Јоханесбург, соопшто портпаролката на јужноафриканската Служба за вонредни ситуации Нана Радебе.

Таа посочи дека се хоспитализирани 426 лица, чии повреди се рангирани од лесни до сериозни.

Засега нема информации за загинати луѓе.

Спасувачките екипи  трагаат по патници кои евентуално се заробени во вагоните.

Несреќата се случила кога метрото вртело и најверојатно излетало од шини и удрило во возот кој не се движел.

Би можело да ве интересира

Фармери ја убиле Марија и уште една жена, со нивните тела ги нахраниле свињите: Случајот ја шокираше Јужна Африка

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски