ВИДЕО: Милијарди заштитни маски ги загадија океаните, ќе бидат таму и по 450 години

Од:

Во текот на 2020 година, во светот се произведени околу 52 милијарди заштитни маски за лице, а отприлика секоја триесетта (1.56 милијарди) завршила во светските океани, кои со ова се неповратно и сериозно загадени, покажуваат проценките на групата за заштита на природата „Oceans Asia“.

Во извештајот се наведени застрашувачки податоци за загадувањето на океаните за време на пандемијата, а со оглед на количеството на маски кое завршило во светските води, станува збор за голем еколошки проблем, предупредуваат еко активистите. Се проценува дека за целосно да се разгради една пластична заштитна маска, треба да поминат дури 450 години.

Особено загрижува тоа што пластичниот отпад и онака годишно убива по 100.000 единки на морски цицачи и желки, над милион единки морски птици и многу повеќе риби и други морски животни. Дополнителното загадување од маските и ракавиците (само во 2020 во океаните се нашле од 4.680 до 6.240 тони) сигурно ќе ја влоши оваа состојба, велат од „Oceans Asia“.

„Маските за еднократна употреба се направени од различни видови пластика и тешко се рециклираат поради тој состав, а и поради ризиците од контаминација и инфекции. Кога луѓето ќе ги фрлат, или таму каде што нема добар систем за управување со отпад, овие маски завршуваат во океаните,“ се вели во извештајот.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари