Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Од:

Заклучно со 31 декември не пристигнало продолжување на банкарска гаранција од избраниот понудувач кој беше избран со одлука на Влада и со самото тоа веќе не е активна понудата, а Владата на седница треба да донесе одлука за поништување на тендерот.

– Додека беше активна гаранцијата понудувачот требаше да потпише договор за заедничко вложување, но бидејќи не добивме дополнителни информации од компанијата, банкарската гаранција не важи и не може да продолжиме понатаму. Не се изјаснија тие, но имаа дополнителни услови кои Владата не можеше да ги прифати. Компанијата соопшги дека има определени услови во тендерот кои не им овозможиле банкабилност или финансиска исплатливост, односно средства од банките за да може да го гради Чебрен. Но тоа не беше фер кон другите компании, Владата одлучи условите да останат исти во тендерската документација, а компанијата со овие услови не можеше да обезбеди заем од банката, знаете дека ова беше голема финансиска конструкција. За жал мораме да констатираме дека и 14-от тендер за Чебрен пропадна – истакна министерката за животна средина, Каја Шукова.

Гаранција за учество во постапката државата ја активира само ако понудувачот не пристапи кон потпишување на договорот за јавна набавка. Но, грчката компанија не даде никаков одговор и затоа Македонија не може да наплати оштета.

Повеќе од 20 години се спроведува овој процес и досега пропаднаа 14 тендери.

– Оние што се бават со енергетика, да седнат и да размислат како да се одвива ова понатаму. Дали да го гради државата или ќе се оди повторно со концесија, тоа оставам на енергетичарите да дадат мислење. Ние вршивме испитувања во биодиверзитетот и тие не покажаа загрозувачко влијание, од аспект на животна средина овој проект е добар за реализација – додаде Шукова.

Би можело да ве интересира

Лосос, фаширана шницла и тулумби за Армијата: Министерството ќе плати шест милиони евра за ручеци

Орце Костов

Фирма за облека основана на 31 јануари доби тендер од Општина Охрид за набавка на цвеќиња

Александар Тодески

Општини за еднодневен престој на куче во прифатилиште плаќале за 244 отсто повеќе од просечната цена

Орце Костов

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Тренчевска: Моите колешки министерки, вистинска поддршка за сите жени

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов