Лосос, фаширана шницла и тулумби за Армијата: Министерството ќе плати шест милиони евра за ручеци

Од:

Министерството за одбрана склучи договор во вредност од шест милиони евра за обезбедувње на организирана исхрана, односно за главно јадење – ручек за период од 12 месеци за вработените во министерството и припадниците на Армијата со компанијата „Далма фоод и кетеринг сервис ДОО“ од Скопје.

Министерството за одбрана ќе плати околу шест милиони евра за 1.260.000 парчиња оброци или по 269 денари од оброк.

Според техничката спецификација ручекот се состои од ручекот се состои од супа, главно јадење, салата, десерт и леб со вкупна енергетска вредност во граници од 1.100 kcal до 1.400 kcal.

Вкупната вредност е рамка за максималната количина на ручеци, во работни денови максимум до 6.000 оброци и за викенди и празници максимум до 1000 оброци.

„Месечната листа за јадење (обед/ручек) ја изработуваат: стручни лица од воени пошти по следното: ВП 2990/10 Штип за гарнизоните Штип, Велес, Криволак и Куманово; ВП 2990/20 Кичево за гарнизоните Кичево, Охрид, Тетово и Прилеп и ВП 2990/30 Скопје за гарнизоните Скопје и Петровец. Изработената месечна листа за јадење ја доставуваат до носителот на набавката најдоцна до 25 ти во месецот за наредниот месец.

Секојдневно се прави извадок од месечната листа за јадење за наредниот ден и се истакнува на видно место во просторијата за обедување.
За ручек се подготвуваат најмалку две различни јадења во работните денови, додека во неработни денови може да се подготвува и едно јадење. За лицата кои не консумираат артикли од свинско потекло се подготвуваат јадења од друг вид на потекло (Јунешко, Јагнешко, пилето, риба и др.)

Храната да биде здравствено исправна, безбедна и квалитетна, во согласност со физиолошките потреби. Оброкот треба да ги задоволи биолошките и енергетските потреби. Органолептичките особини на храната да бидат пријатни и со заситувачко дејство“ стои во договорот за јавна набавка.
Министерството бара потполна, разновнидна и изедначена исхрана во која производите мора да бидат квалитетни и притоа треба да се користи свежо јунешко, свинско и јагнешко место. Пилешкото место и рибата (пастрмка и лосос) може да бидат и замрзнати.

На менито се планирани оброци како фаширана јунешка шницла со чорбест грав, свинско печење/динстан јунешки исечок со гравче тавче, сушено јунешко месо или суви свински ребра со чорбест грав, војнички грав со јунешко месо, натур шницла со мешан зеленчук, штосован компир, париска шницла (свинско и јунешко без коска) со динстан грашок и пржен компир, јунешка печеница во натур софт/свинско печење со динстана свежа зелка и динстан ориз, јунешка печеница или стек пилешки во натур софт со динстана боранија и печен компир, јунешко/свинско во натур софт со компир и праз, шпихувано јунешко месо и пекарски компир, шпикувано јунешко/свинско печење со барен карфиол и динстан ориз, пилешки стек во сос од лук со барена брокула и солени компири, перлект со свинско/јунешко месо со пире компир и карфиол, сарма, соте строганов со динстан ориз, пилешки копани печени со подварок,панирана филета ослич со брокула и солен компир, риба на скара, пржена риба лосос во тартар сос и солен компир, зелени салати, туршија.

За десерт војниците и вработените во министерството ќе добиваат баклава, тулумба, падобранец, ролати, сутлијаш и овошен сладолед.

Би можело да ве интересира

Фирма за облека основана на 31 јануари доби тендер од Општина Охрид за набавка на цвеќиња

Александар Тодески

Општини за еднодневен престој на куче во прифатилиште плаќале за 244 отсто повеќе од просечната цена

Орце Костов

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

ВМРО-ДПМНЕ: Власта пред заминување сака да ги наполни куферите со пари од тендери

А1он

СОБ: Пратениците да го донесат законот за вработените во Министерството за одбрана

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата