Пентагон започна ревизија на силите во Европа, во фокусот е Кина

Од:

Соединетите Американски Држави официјално започнаа сеопфатна ревизија на своето воено присуство во Европа, потврдија високи претставници од Вашингтон.

Најавата следува по пораките што американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ги испрати до сојузниците на НАТО во јуни, кога најави детална анализа на американските трупи и воени ресурси распоредени на европскиот континент.

Заменик-министерот за одбрана Елбриџ Колби изјави дека ревизијата има јасна цел – европските земји да преземат поголем дел од одговорноста за сопствената конвенционална одбрана.

„Ова ќе биде вистинска ревизија насочена кон тоа НАТО брзо и неповратно да се движи во насока Европа да ја преземе главната одговорност за сопствената конвенционална одбрана“, изјави Колби.

Тој додаде дека крајната цел е создавање „посилна, поправедна и поодржлива Алијанса“.

Несогласувања меѓу Вашингтон и европските сојузници

Според американските претставници, оваа промена доаѓа во период на зголемени тензии меѓу администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и европските партнери.

Трамп во повеќе наврати ги критикуваше европските членки на НАТО поради нивниот однос кон конфликтот со Иран, особено затоа што дел од нив одбија да ги стават своите воени бази на располагање на американските сили.

Во меѓувреме, министерот за одбрана Пит Хегсет најави можност за намалување на американското финансирање на НАТО доколку останатите членки не ги исполнат договорените цели и не ги зголемат трошоците за одбрана.

Стратешки фокус кон Кина

Вашингтон истовремено испраќа сигнал дека неговиот геополитички и воен фокус сè повеќе се насочува кон Кина, поради што европските сојузници ќе мора во поголема мера самостојно да се грижат за сопствената безбедност.

Како дел од тој процес, Пентагон веќе ги известил сојузниците дека започнува глобално намалување на дел од воените ресурси и опрема кои досега биле ставени на располагање за операциите на НАТО.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран се заканува со „силен одговор“: „Посилни сме од кога било“

Иран ги потврди нападите врз американската флота – Гашгави тврди: Преговорите повеќе не се опција

Иран испрати порака до САД: „Нападите врз нашите танкери се воено злосторство“

„Фајненшел тајмс“: Американците ноќе, тајно ги исчистија мините од Ормутскиот теснец

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Галибаф: Правилата на играта се променети – Иран ќе возвраќа посилно

Горан Наумовски