Полска подготвува армија од 500.000 луѓе

Од:

Полското Министерство за национална одбрана ја разгледува можноста за повторно воведување на задолжителната воена служба, која беше суспендирана во земјата пред повеќе од една деценија, но не е целосно избришана од правниот систем, пренесува ТАСС.

Министерот за национална одбрана Владислав Косињак-Камиш не го исклучи таквото сценарио, наведувајќи дека постојат законски основи за негово активирање.

„Ова прашање се разгледува. Таквата можност е предвидена со одредбите од Законот за одбрана на татковината. Во оваа смисла, секое сценарио е можно“, изјави Косињак-Камиш пред полските новинари.

Задолжителната воена служба во Полска беше суспендирана во 2009 година и заменета со доброволен модел, но универзалната воена служба не е формално укината. Полските прописи сè уште оставаат простор државата да ги реактивира задолжителните форми на воена служба доколку е потребно.

Премиерот Доналд Туск претходно објави план за Полска да изгради армија од 500.000 луѓе, вклучувајќи резервна сила, како и широка програма за воена обука за возрасни граѓани.

Според претходните најави на полската влада, целта е да се обучуваат до 100.000 волонтери годишно од 2027 година, со цел да се создадат силни резервни сили покрај професионалната армија и територијалната одбрана.

Полските власти значително ги зголемуваат трошоците за одбрана во последните години, тврдејќи дека безбедносната ситуација во Европа драматично се променила по избувнувањето на војната во Украина и зголемените тензии на источното крило на НАТО.

Би можело да ве интересира

Полска почна да им испраќа мобилизациски покани на граѓаните

Туск обвини за саботажа: Пожарот е намерно подметнат

Туск: Следните шест месеци ќе бидат одлучувачки за безбедноста на Европа

Четири милијарди долари за Иран преку крипто фирма од Варшава

Германија мобилизира армија од 460.000 луѓе: Масовниот одзив на регрути ја изненади јавноста

Приведени тројца хрватски државјани и жена од Полска: Подметнале десет пожари