Левица: Сомнителни тендери во МАНУ под вмровска контрола – над четирипати повисока цена за дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Од:

МАНУ, предводена од Живко Попов, татко на пратеникот на ДПМНЕ Сергеј Попов, станува пример за тоа како се трошат јавните пари во институции под раководство на кадри блиски до власта. По тендерот за сметководствени услуги, Левица обелоденува НОВА спорна набавка во најзначајната научна институција во државата, велат од Левица.

– Во ноември 2024 година, МАНУ склучила договор за дезинфекција, дезинсекција и дератизација (ДДД) во вредност од 40.000 денари без ДДВ. Во актуелната постапка, договорната вредност достигнува 174.000 денари без ДДВ – ЗГОЛЕМУВАЊЕ ОД ПРЕКУ 300% за помалку од две години, иако станува збор за споредлив предмет и услови на извршување! Што толку драстично се променило за услуга што чинела 40.000 денари сега да чини 174.000 денари?

За споредливата услуга за дезинфекција и дезинсекција, Апелациониот суд Скопје постигнал цена од околу 56.000 денари, а Народната банка околу 64.000 денари. Уште подрастична е разликата кај дератизацијата: за поставување 200 мамци, Агенцијата за разузнавање постигнала цена од околу 6.000 денари, додека МАНУ за истата ставка плаќа 30.000 денари – ПЕТПАТИ повеќе!

Левица бара МАНУ јавно да ја објави целокупната документација за набавката, вклучително и претходниот договор, пазарното истражување, техничките спецификации и образложението за актуелната цена. Бараме Државниот завод за ревизија и Бирото за јавни набавки да ја испитаат економската оправданост на оваа набавка, а доколку се утврдат индиции за незаконитост или штета врз јавните средства, случајот да биде испитан и од надлежното Јавно обвинителство, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката