Мајката на Салвадор Рамос, тинејџерот кој уби 19 ученици и двајца учители во основното училиште Роб во Тексас, молела за прошка за својот син. Адријана Мартинез Рејес, чиј син во период од неколку дена купи две пушки и огромна количина муниција и уби 21 лице даде изјава во медиумите.
“Немам зборови. Не знам што сакаше да каже. Тој имаше свои причини зошто го направи тоа што го направи. Ве молам, не го осудувајте. Јас само барам прошка од невините деца кои загинаа”, кажа неговата мајка.
Рејес била премногу вознемирена за да разговара за причините за одлуката на нејзиниот син да пука во својата баба, а потоа да го изврши масакрот во блиското основно училиште.
Републиканскиот сенатор од Тексас, Тони Гонзалес денеска изјави дека масовниот убиец Салвадор Рамос бил уапсен пред четири години откако „на луѓето им кажал дека планира да пука во училиште кога ќе наполни 18 години“.
„Убиецот беше уапсен пред неколку години, пред четири години, бидејќи го имаше овој план и рече – кога ќе дипломирам во 2022 година, ќе пукам во училиште“, изјави Гонзалес за Фокс њуз. Важно е да се напомене дека властите претходно изјавија дека Рамос немал криминална историја.