ВИДЕО: Крвав напад врз автобус во Сирија, изгореа најмалку 28 луѓе

Од:

Во терористички напад врз автобус во источна Сирија попладнево се убиени 28 лица, јавија локалните медиуми. Нападот се случил на автопат во пустинската провинција Деир ез-Зор, која граничи со Ирак и за време на војната со години беше под контрола на Исламска држава.

Во автобусот, кој според државната агенција САНА бил патнички, патувале цивили, додека други медиуми јавија дека во возилото имало сириски војници и припадници на провладини единици кои се враќале во нивната база во ретко населеното подрачје. Најмалку 13 луѓе се повредени во нападот, според локалните извештаи.

На социјалните мрежи се појави снимка, чија автентичност не е потврдена, на која наводно се гледа местото на заседата непосредно по нападот, а група луѓе се обидува да им помогне на ранетите и да ги оддалечи од автобусот кој гори.

Други локални извори наведуваат дека во терористичкиот напад се убиени најмалку триесет војници, главно од елитната Четврта бригада на сириската армија, која е засилено присутна во оваа провинција богата со нафта, откако борците на Исламска држава беа протерани од неа во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Спасувачите во Москва затекнале ужас: Сите познати детали од терористичкиот напад

А1он

ВИДЕО: Терористички напад во Москва, има мртви и ранети

Предраг Петровиќ