ВИДЕО: Кралската кула во Саудиска Арабија ќе биде највисоката зграда во светот

Од:

Британската компанија Мејс, која беше вклучена во градбата на кулата Шард во Лондон, ќе раководи со изградба на Кралската кула во Саудиска Арабија, која ќе биде највисоката зграда во светот.

Компанијата исто така откри дека градбата на обалата на Црвеното море
ќе биде висока колку четири “Шард” згради, што значи дека би можело да ја надмине висината од 1.200 метри.

Изградбата би требало да биде завршена до крајот на 2018 година. Плановите за “Кралската кула” ги откри арапскиот милијардер, принцот Алвалид бин Талал Алсауд, пред 18 месеци.

„Принцот се надева дека со изградбата на ‘Кралската кула’ ќе го сврти вниманието кон нашата сакана Саудиска Арабија. Исто така, ќе отвори стотици нови работни места за луѓето од селото”, истакна директорот од компанијата од Џеди, Валид Абдул Џалил Батерџи, за магазинот “Bilding”.

“Кралската кула” ќе располага со простор од 500.000 квадратни метри. Во рамките на тоа ќе се наоѓа луксузен хотел со пет ѕвезди, станови, канцелариски простор, како и највисоката опсерваторија на светот.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ